28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАDell пушта помоќна верзија на XPS12

Dell пушта помоќна верзија на XPS12

dell

Компанијата „Dell“ соопшти дека ќе го обнови еден од најновите модели, кој се појави во почетокот на летото. Трансформирачкиот ултрабук кој со едно движење може да се претвори од лаптоп во таблет ќе се здобие со нова платформа која ќе ја користи четвртата генерација на „Intel Core“ процесорите. Според производителите ова ќе ја зголеми моќноста и времето за автономна работа.

Освен новиот „Haswell“ процесор кој во различните модификации на „XPS 12“ ќе е со „Core i5-4200U“ и „Core-i7 4500U“, моделот ќе има мултисензорен екран прикачен на алуминиумска рамка која овозможува многу лесно да се трансформира.

Друга новина во надградениот модел е исто така додадена поддршка на „NFC“, а цената на моделот останува непроменета. Во верзијата за 1200 долари корисниците ќе го добијат „Core i5-4200U“ процесорот со 4GB RAM и диск со 128GB капацитет.

Поскапата модификација доаѓа со процесор „Core i7-4500U“, 8GB RAM и 500GB SSD, а неговата цена е 2000 долари.

Двата модели работат на оперативениот систем „Windows 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП