24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Tesla пораснаа повеќе од 4.000 проценти за 17 години

Акциите на Tesla пораснаа повеќе од 4.000 проценти за 17 години

Оваа недела поминаа десет години од кога почна тргувањето со акциите на Tesla на Њујоршката берза, а од тогаш нивната цена се искачи за повеќе од 4.000 проценти.

Цената на почетокот на јавната продажба беше 17 долари, а на првиот ден од тргувањето се зголеми за 40 проценти, на скоро 24 долари.

Денес, за една акција од овој производител на електрични возила мора да се платат повеќе од илјада долари, што значи дека цената во една деценијата до 29 јуни 2020 година е зголемена за повеќе од 4,100 проценти. Оваа компанија во период од 17 години имаше заработка само во еден квартал, но никогаш во целата деловна година.

Акциите на Tesla ги надминаа технолошките гиганти како Apple и Amazon во однос на растот, па дури и акциите на Netflix се помалку експлозивни во последната деценија, добивајќи на вредност „само“ 2.650 проценти.

Дури ни твитот на Илон Маск пред два месеци дека цената на акциите е превисока не ги запре купувачите. Вчера акциите на Tesla достигнаа скоро 1.090 долари, а пазарната капитализација надмина 200 милијарди долари.

Веќе во јуни, Tesla стана највредната автомобилска компанија, надминувајќи ја Toyota во однос на пазарната вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП