15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

Toyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

Компанијата Kantar, која се занимава со истражување на пазарот, објави листа на 100 највредни брендови во светот, а на кој се нашле само три автомобилски марки.

Toyota рангирана 48-та, како најзначаен автомобилски бренд во светот, и покрај нејзината вредност намалена за 3 проценти во споредба со 2019 година.

Втор автомобилски бренд кој успеа да влезе во Топ 100 светски брендови е Mercedes-Benz, како 56-ти на оваа листа. Наводно, германскиот производител на автомобили загубил 9 проценти од својата вредност во однос на минатата година.

Трет и последен автомобилски бренд кој се пласираше во првите 100 (на 61-то место) е исто така од Германија, а тоа е BMW.

„Баварците“ во однос на 2019 година изгубиле 12 проценти од својата вредност.

Ако ги гледаме само автомобилските марки на 4-то место на највредни автомобилски брендови во светот е американскиот производител на електрични автомобили Тесла, на петтото место е Форд, додека шесто е Хонда.

Нисан е на седмото место, Ауди е на осмото место, Фолксваген е на деветтото место, а Порше го комплетира списокот на топ 10.

Сите овие автомобилски брендови изгубија дел од својата вредност во минатата година, со исклучок на Tesla, чијашто вредност се зголемила за 22 проценти во однос на 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП