Microsoft се приклучи на растечкиот список на компании кои “паузираат” од рекламирање на социјалната мрежа Facebook.
Според извештајот на порталот Bloomberg, повикувајќи се на интерно соопштение на маркетинг експерт од компанијата Microsoft, Крис Капосела, до понатамошно известување ќе биде суспендирано рекламирање.
Во изминатата недела голем број на големи брендови како што се Coca-Cola, Honda, Unilever, Ford и Starbucks објавија дека, барем привремено, нема да ги трошат своите пари на рекламирање на популарната социјална мрежа.
Facebook неодамна ја разбранува јавноста поради своите деловни политики, односно поради што тие овозможуваат говорот на омраза да остане видлив на платформата. Компаниите изразија загриженост поради можноста покрај вакви несоодветни содржини да ги поставуваат нивните реклами.
Откако одлуката стана јавна, се отворија прашања во врска со логиката која стои зад тоа, со оглед на тоа дека станува збор само неколку дена откако Microsoft објави дека ќе биде партнер со Facebook Gaming платформата.