8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France планира да укине повеќе од 7.500 работни места

Air France планира да укине повеќе од 7.500 работни места

Француската авиокомпанија Air France планира да укине повеќе од 7.500 работни места до крајот на 2022 година, од кои 6.560 во компанијата и повеќе од 1.000 во регионалниот огранок на групацијата, велат извори на синдикатот.

„Потребите значително се намалија поради падот на активноста, затоа е неопходно да се забрзаат промените во компанијата“, навела управата на Air France, која наскоро планира состаноци со претставниците на синдикатот.

Планирано е околу 3.500 вработени да заминат во пензија, а нивните работни места нема да бидат заменети со нова работна сила.

Управата на авиокомпанијата има намера на почетокот на јули да ги започне преговорите со синдикатот за мерките за заминување на персоналот уште на почетокот во 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП