Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Нови 132 заболени од коронавирус, 12 починаа

Време: 16:03

Датум: јуни 29, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Рекордни 12 лица починаа од коронавирус во изминатите 24 часа во земјава.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 57, Куманово – 10, Дебар – 1, Штип – 13, Прилеп – 7, Тетово – 19, Струга – 3, Велес – 4, Битола – 1, Охрид – 5, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Пробиштип – 2, Свети Николе – 2, Ресен – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје – 42, Штип – 40, Прилеп – 1, Тетово – 16, Велес – 1, Гостивар – 5, Кочани – 2, Пробиштип – 3, Свети Николе – 2.

Од починатите, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во Институтот за белодробни заболувања за деца – Козле почина пациентка од Скопје, 83 години, потврдена позитивна денес.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.484. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3006, активни 1986

• Куманово 750, активни 293

• Дебар 92, активни 40

• Штип 332, активни 148

• Прилеп 257, активни 33

• Тетово 681, активни 366

• Струга 218, активни 133

• Велес 182, активни 37

• Битола 50, активни 17

• Охрид 167, активни 143

• Кавадарци 15, активни 9

• Гостивар 117, активни 62

• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 15, активни 10

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 6, активни 3

• Кочани 69, активни 22

• Пробиштип 17, активни 9

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 4, активни 2

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 2, активни 0

• Валандово 6, активни 2

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 27, активни 23

• Кичево 30, активни 25

• Ресен 100, активни 94

• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -25, Судска медицина-0, Систина со PCR-метода -73, ЦЈЗ Битола-, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 417

• Аеродром – 148

• Бутел – 134

• Гази Баба – 158

• Центар – 131

• Карпош – 135

• Сарај – 142

• Кисела Вода – 106

• Ѓорче Петров – 101

• Студеничани – 91

• Шуто Оризари – 75

• Арачиново – 53

• Илинден – 32

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 15

• Сопиште – 12

• Зелениково-2

• Странец – 2

• Нераспределен-157

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот:…

  • Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со…

  • Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до…

  • Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. „Одлуката на турскиот Државен совет да поништи…

  • Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во…

  • Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на…

  • Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Пред одржувањето на парламентарните избори и формирањето на новата влада, синдикалците подготвија барања и укажувања до новите власти. Од Сојузот на синдикати на Македонија тврдат…

  • EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    Европската банка за обнова и развој (EBRD) планира во следните пет години да насочи повеќе од половина од инвестициите во зелена економија за поддршка на…

  • Нови 205 лица заразени со Ковид – 19, починати шестмина, 336 оздравени

    Нови 205 лица заразени со Ковид – 19, починати шестмина, 336 оздравени

    Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени…