19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг изгуби седум милијарди долари поради бојкотот, акциите на Facebook паднаа 8,3...

Цукерберг изгуби седум милијарди долари поради бојкотот, акциите на Facebook паднаа 8,3 проценти

Марк Цукерберг стана посиромашен за 7,2 милијарди долари откако одреден број компании ги повлекоа своите реклами од Facebook, дознава Bloomberg.

Акциите на Facebook паднаа за 8,3 проценти во петокот, најголем пад за три месеци, откако Unilever, еден од најголемите светски огласувачи, им се придружи на другите брендови во бојкотот против Facebook.

Падот на цената на акциите елиминираше 56 милијарди долари од пазарната вредност на Facebook и ја намали нето-вредноста на Закерберг на 82,3 милијарди долари, според Bloomberg индексот на милијардери.

Цукерберг одговори на зголемените критики во петокот велејќи дека Facebook ќе ја прошири дефиницијата за забранет говор на омраза и дека нема да бидат дозволени реклами кои друга демографска категорија ја означуваат како опасна.

Основачот на Facebook истакна дека заканите за насилство или потиснување на гласачите не се дозволени на платформата без разлика кој е, додавајќи дека „нема никакви исклучоци за политичарите во која било од промените кои ги најавувам“.

Новите мерки кои ги објави Цукерберг вклучуваат партнерства со локалните изборни власти за да се утврди точноста на информациите на платформата.

Facebook исто така ќе преземе дополнителни чекори за ограничување на говорот на омраза во рекламирањето на нивните платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП