29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапа цена на горивата

Од денеска поскапа цена на горивата

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголеми за половина денар по литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98  се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП