Германската тјунерска компанија „Lumma Design“ и нивниот партнер од Русија „TopCar“ ја завршија својата работа на моделот „Lumma CLR R Black“ кој е базиран на моделот „Range Rover Vogue Autobiography“.
Овој автомобил доби темелно одбрана опрема за унапредување на стилот при што се истакнува ревидираниот преден браник со нов спојлер на кој се карактеризираат „LED“ и светлата за магла, потоа детали од јаглеродни влакна на рачките на вратите, проширени крила, спојлерот на покривот, како и ревидираниот заден браник со голем дифузор и четири нови издувни цевки.
Внатрешноста на возилото го карактеризира стандардниот „Autobiography“ третман, што значи дека кабината е доведена до совршенство кога стилот е во прашање. Меѓутоа тјунерите додадоа одредена доза на ексклузивност со двобојната кожа и пакетот „Alcantara“. Опремата и бојата се совршени, а квалитетот на материјалот е на највисоко ниво.