19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНишто друго освен телефон: Новиот iPhone доаѓа без полнач?

Ништо друго освен телефон: Новиот iPhone доаѓа без полнач?

Кога ќе го отворите овогодинешното пакувањето на својот iPhone уред, можеби во него нема да пронајдете ништо друго освен самиот телефон.

Аналитичарот Минг-Чи Куо, чии предвидувања и претходно беа вистинити, тврди дека iPhone моделите оваа година не само што нема да содржат слушалки, туку нема да има ни полнач во кутијата – едноставно ќе добиете кабел за полнење.

Ќе има помоќен полнач од 20V (за iPhone 11 Pro е 18V), но ќе морате да го купите доплнително. Аналитичарите на Barclays исто така веруваат дека Apple повеќе нема да го вклучува полначот во пакувањето.

Куо смета дека Apple би можел да се одлучи на овој потег поради намалувањето на трошоците, но и поради тоа што веќе ќе биде зголемена цената со оглед на тоа дека iPhone исто така доаѓа и во 5G верзија.

Исто така, ова може да се класифицира како еколошко свесно дејствие на компанијата, затоа што еколозите тврдат дека купувањето нови адаптери е излишно кога многумина веќе имаат полначи од претходните телефони, или ги полнат преку компјутери.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП