Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Халкбанк со бесплатна видео-едукација за користење на нивните е-услуги(видео)

Време: 12:21

Датум: јуни 29, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Не изложувајте се на ризик, завршувајте ги банкарските работи од дома!

Технологијата во финансиските услуги не била никогаш поважна и попотребна како денес. Условите во кои живееме, вонредните случувања, напредокот во фин-технолошките услуги, но и зголемените очекувања од потрошувачите, бараат од банките да ја зголемат својата дигитална присутност и воедно да едуцираат за тоа како истата може да придонесе за поголемо и подобро кирисничко искуство на своите клиенти.

Халкбанк не е исклучок. Водена од својата премиса „Важни се луѓето“, низ повеќе практики и активности покажа дека навистина се грижи за квалитетно и достапно опслужување на своите клиенти, но и дека е во чекор со светските е-трендови, кои дури и повеќе се наметнаа како последица од карантинот. Меѓу останатото, банката спроведе и бесплатна онлајн едукација за користење на сите банкарски услуги по електронски пат, и тоа од удобноста на сечиј дом, преку серија на видео „туторијали“ во кои на едноставен начин, чекор по чекор, се даваат насоки за користење на електронското банкарство на Халкбанк.

Видеата се лесно разбирливи и прилагодени за секого, па дури и за оние кои помалку се снаоѓаат во користењето интернет, а сѐ што е потребно е да се инсталира мобилната апликација за е-банкарство на Халкбанк.

Со цел и на нашата публика да ѝ овозможиме полесен пристап до банкарските услуги на Халкбанк, ја претставуваме целата онлајн едукација за користење на електронско банкарство, која се состои од вкупно 5 видеа.

1.Активирање на корисник на електронско банкарство за физички лица преку мобилна апликација

Пред сѐ, доколку не сте корисник на е-банкарството на Халкбанк, а сте клиент на банката, во ова видео ќе научите како да ja активирате мобилната апликација и да креирате кориснички профил, за потоа да можете да ги користите сите услуги на банката по електронски пат.

2.Управување со сметки и картички преку е-банкарство

Доколку имате повеќе од една сметка или картичка во банката, во ова видео ќе се запознаете како од едно место да управувате со нив и како да префрлате средства од една на друга сметка или картичка, и тоа сѐ преку вашиот паметен уред.

3.Брзо и лесно плаќање сметки преку е-банкарство

Земајќи предвид дека плаќањето сметки за режиски трошоци како струја, вода, парно, интернет, но и плаќање преку ПП30 и ПП50 налози, се една од најчестите причини за одење во банка, преку ова видео ќе го научите целиот процес како да ги завршувате овие обврски брзо и лесно, од удобноста на вашиот дом.

4.Подмирување долгови и кредити преку е-банкарство

Подмирувањето на долговите на кредитните картички и долговите за кредит, исто така, може да се реализираат без чекање во редица пред банка односно преку мобилната апликација на Халкбанк, а чекорите како да се направи тоа се објаснети во следното видео:

5.Менувачница и други функционалности

На крајот, доколку сакате да извршите откуп или продажба на средства на вашата девизна или денарска сметка, тоа можете да го направите само со два клика преку вашиот мобилен телефон. Дополнително, во ова видео ќе се запознаете и како да отворите и орочите депозит, како да ја отворите курсната листа, да ја најдете локацијата на најблискиот банкомат или пак да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Купувајте домашно: Вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија!

    Купувајте домашно: Вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија!

    Пиењето на свежо мелено кафе отсекогаш била култна рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! Кафето наутро не’…

  • Google инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

    Google инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

    Google во наредните пет години ќе инвестира повеќе од 900 милиони долари за да и помогне на Италија во економското закрепнување поради кризата предизвикана од…

  • Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

    Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

    „Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење…

  • Макпрогрес Виница со нова инвестиција во производство на житни барови!

    Макпрогрес Виница со нова инвестиција во производство на житни барови!

    Макпрогрес доо Виница со нова инвестиција и проширување на продуктното портфолио со линија за производство на барови. Технологијата е развиена од тимот на технолози на…

  • Сопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

    Сопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

    Сопственикот на светскиот ланец на продавници Zara, Амансио Ортега, се посвети на бизнисот со недвижнини, чија вредност е проценета на милијарди евра. Според американското деловно…

  • Deutsche Bank и Google договараат повеќегодишно стратешко партнерство

    Deutsche Bank и Google договараат повеќегодишно стратешко партнерство

    Deutsche Bank во вторникот објави дека договорила стратешко повеќегодишно партнерство со Google со цел да и се овозможи на германската банка пристап до облак услугите…

  • „Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“

    „Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“

    „Дознај. Примени. Успеј.“: Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки Ако нешто научивме од периодот на пандемија во кој живееме веќе неколку…

  • Како големите технолошки компании ги прават нивните милијарди (инфографик)

    Како големите технолошки компании ги прават нивните милијарди (инфографик)

    Најголемите компании во светот се од технолошкиот сектор, а четири од петте од „Big Tech“ компании пораснаа со пазарна капитализација од над трилион долари. И…

  • Samsung очекува значително поголема квартална добивка

    Samsung очекува значително поголема квартална добивка

    Јужнокорејскиот гигант за електроника Samsung во вторникот објави дека очекува значително поголем профит во вториот квартал, во голема мера благодарение на бизнисот со мемориски чипови. Во…

  • Уште една авиокомпанија настрада поради корона: Оди во стечај

    Уште една авиокомпанија настрада поради корона: Оди во стечај

    Уште една авиокомпанија настрада од коронавирусот. Романската нискобуџетна авиокомпанија Blue Air отпочна стечајна постапка. Судот во Букурешт го одобрил барањето на оваа компанија да и…