26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагубата на Nike 790 милиони долари

Загубата на Nike 790 милиони долари

Загубата на американската компанија Nike во последниот квартал од фискалната 2020 година изнесува 790 милиони долари, се вели во извештајот на компанијата.

Извештајот го опфаќа четвртиот квартал од фискалната 2020 година, кој истече на 31 мај.

Приходот на Nike за овој период изнесувал 6,3 милијарди долари, што е за 38 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

За сè е виновен коронавирусот. Во исто време, продажбата на стоки преку интернет се зголемил за 75 проценти, а административните и другите трошоци се намалиле за 6 проценти, достигнувајќи 3,2 милијарди долари. И покрај ова, компанијата не можеше да оствари нето профит, иако тоа се очекуваше.

Во својот извештај, Nike, причината за падот на финансиските показатели ја припишува на последиците од пандемијата од коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП