19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Ни требаше 12 години да го изградиме Airbnb, а изгубивме скоро сè...

“Ни требаше 12 години да го изградиме Airbnb, а изгубивме скоро сè во шест недели”

Можете да поминете децении во градењето на својот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија од непознат вирус.

Токму тоа се случи на Брајан Чески, директорот на Airbnb.

„Ни требаа 12 години да го изградиме Airbnb, а изгубивме скоро сè за четири до шест недели“, изјави тој во интервјуто за CNBC.

Тој изјави дека Airbnb се соочува со неизвесна иднина со оглед на постојаниот страв од коронавирусот кој ескалираше, а последиците ги почувствувале луѓето ширум светот.

„Туризмот како што го познаваме е завршен. Не сакам да кажам дека немав да има повеќе патувања, но моделот на патување кој го знаеме почина и нема да се врати“, изјави Чески, објаснувајќи дека сега е многу полесно да се влезе во автомобил и да се оди до најблиското место за одмор.

Директорот на Airbnb изјави и дека во Соединетите држави полека се опоравуваат, но дека тој не сака во себе да всади лажна надеж за тоа дека излегле од проблемот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП