2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали се одвојувате од мнозинството? Кои особини ве прават одбивни?

Дали се одвојувате од мнозинството? Кои особини ве прават одбивни?

badworker1

Во секоја канцеларија има барем по еден колега кој се одвојува од мнозинството според своите постапки и има талент да ја расипе пријатната работна атмосфера. Доколку се препознаете во некоја од активностите подолу, почнете да работите на нив уште денес.

1. Давате повеќе совети од колумниста. Ако ве прашаат за совет слободно сподеете го. Но, нема потреба тоа да го правите постојано и кога треба и кога не треба.

2. Не можете да се откажете од старите добри денови. Ако постојано зборувате како ви било на претходното работно место ќе дадете слика на личност која не може да се прилагоди.

3. Упорно заборавате дека сте во канцеларија, а не на улица. Пред да започнете разговор на непријатна тема, сетете се каде се наоѓате. Постои време и место за раскажување експлицитни содржини.

4. Пречесто барате помош. За некои работи сте само вие одговорни и не можете да очекувате другите да ги прават за вас.

5. Секогаш имате подобра приказна од другите. Сакате да сте во центарот на вниманието без разлика на ситуацијата.

6. Не водите грижа за мирисот на своето тело. Никој не сака колега кој мириса како да дошол од трчање. Исто така и бањањето во парфем или колонска вода е неприфатливо.

7. Содржината на меилот ја ставате во subject. Со што многу често го збунувате примачот.

8. Давате крати одговори по меил. Ако вашиот одговор е еден збор, тогаш веројатно не сте требале ни да се трудите да одговарате.

9. Едвај чекате да заврши работното време. Не морате да го ставате до знаење ова секој ден.

10. Организирате забава во канцеларија за ситници. Забавите се добар начин да се опуштите. Но, ако претерувате ништо нема да ви биде интересно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП