25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft ги затвора сите свои продавници, продава само онлајн

Microsoft ги затвора сите свои продавници, продава само онлајн

Американската компанија Microsoft во петокот објави на својата веб-страница дека во наредниот период ќе ги затвори сите свои продавници и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во доменот на мало“.

Како што беше најавено, компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради овие промени, но наместо тоа, сите вработени во Microsoft продавниците ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во државата Вашингтон.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во доменот Microsoft.com, како и во продажбата на Xbox и Windows.

Американскиот технолошки гигант наведува дека нејзините продавници се затворени уште од март, поради пандемијата од коронавирус, и дека вработените успеале да ја обезбедат целата онлајн потребна поддршка на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП