7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi „гази“ на пазарот на паметни телефони

Xiaomi „гази“ на пазарот на паметни телефони

xiaomi

„Xiaomi“ има целосен потенцијал да се претвори во уште една кинеска сензација на пазарот на паметните телефони. За првите шест месеци од 2013-та, компанијата регистрирала приходи во вредност од 2.16 милијарди долари. За споредба, за целата 2012-та година тие изнесуваат 2.05 милијарди долари.

„Заборавете на финансиските резултати, тие не се најважните. Најважно е да правиме производи во кои ќе уживаат корисниците и ќе носат долгорочни придобивки”, вели Леи Јун, извршниот директор на „Xiaomi“.

Во рамките на првите шест месеци од оваа година, „Xiaomi“ продале 7.03 милиони паметни телефони. Додека тој број не е толку импресивен, но растот на кинезите е многу брз и е можно во блиска иднина да биде претекнат компании кои се во криза, како „HTC“ и „BlackBerry“.

Што се однесува до „Xiaomi“, кај нив акцентот е на уреди со моќен хардвер и прифатлива цена. Претходно оваа година моделот „Mi2S“ дури успеа да го надмине „Samsung Galaxy S IV“ во споредбата на перформансите.

„Xiaomi“ се приклучи на сонародниците „Huawei“ и „ZTE“, кои исто така влегоа ударно кај паметните телефони и дури се најдоа во топ 5 на најголемите снабдувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП