20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФармацевтски гигант казнет за корупција и мито: Подмитувале лекари, болници, клиники

Фармацевтски гигант казнет за корупција и мито: Подмитувале лекари, болници, клиники

Светскиот фармацевтски гигант, компанијата Novartis, е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и Виетнам.

Целта била да се препишуваат нејзини лекови на пациенти и да се користи нејзината хируршка опрема, објави Reuters.

Американското министерството за правда денес соопшти дека компанијата Novartis Greece се согласила на договор кој предвидува казна од 225 милиони долари.

Покрај тоа, од компанијата се бара да плати дополнителни 112,8 милиони долари на име порамнување на трошоците за граѓанската парница, плус 8,9 милиони долари на име казни.

Од компанијата, меѓу другото, соопштија дека „Novartis изрази задоволство поради постигнатиот договор“.

На компанијата допрва ќе и се суди во Америка за поткуп на лекари, со цел да ги мотивира да ги препишуваат нејзините лекови на пациентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП