24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДиректорот на СЗО откри кога можеме да очекуваме вакцина против коронавирусот

Директорот на СЗО откри кога можеме да очекуваме вакцина против коронавирусот

Според најновите податоци, од коронавирус се заразени над 9,6 милиони луѓе, а починале повеќе од 487.000 луѓе.

Не е сигурно дека научниците ќе успеат да направат ефикасна вакцина против коронавирусот што ја предизвика пандемијата, но може да помине една година пред некој да ја пронајде, изјави денес генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејес.

Обраќајќи се на видео конференција пред членовите на Комитетот за здравство на Европскиот парламент, Тедрос изјави дека ако таквата вакцина стане реалност, би требало да стане јавно добро достапно за сите, објави Reuters.

„Тешко е да се каже со сигурност дека ќе имаме вакцина“, изјави Тедрос.

Како што изјави тој, никогаш досега немавме вакцина за коронавирусот, па кога ќе се најде, со надеж дека ќе биде пронајдена, тоа ќе биде прва таква вакцина.

-Надевајќи се дека ќе има вакцина, се проценува дека можеби ќе ја имаме вакцината во рок од една година – изјави Тедрос и додаде дека ако работите забрзаат, можеби би можеле да ја имаме и неколку месеци порано.

„Тоа е она што го велат научниците“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП