28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенците не се откажуваат: Adria пропадна, во план нова авиокомпанија

Словенците не се откажуваат: Adria пропадна, во план нова авиокомпанија

Карго превозникот Soliner разговарал со словенечкото Министерство за инфраструктура за воведување патнички летови или воспоставување нова национална авиокомпанија.

Според словенечкиот весник Delo, таа авиокомпанија чие седиште е во Љубљана предложила две стратегии за подобрување на поврзаноста на Словенија по банкротот на Adria Airways минатата година.

Според порталот Exyuaviation, Soliner предложил или да започне со патнички летови или да основа нова авиокомпанија која би служела како национален авиопревозник.

Soliner исто така бара финансиска поддршка од владата за тој проект.

Да потсетиме, претходно се појавија информации дека Croatiа Airlines оваа недела понудила да отвори база во Љубљана.

Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек потврди дека преговара со неколку авиокомпании, пишува порталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП