24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25...

Продажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25 проценти

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) предвидува дека продажбата на пазарот на автомобили во Европската унија (ЕУ) оваа година ќе се намали за 25 проценти, како резултат на новиот вид коронавирус (COVID-19).

ACEA, со седиште во Брисел, соопшти дека автомобилската индустрија се соочува со голема економска криза поради пандемијата.

Во соопштението се наведува дека проценките за продажба на нови автомобили предвидени за оваа година во земјите на ЕУ се намалени за 25 проценти.

Минатата година во земјите на ЕУ се продадени 12,8 милиони автомобили, а се очекува тој број во 2020 година да се намали за повеќе од три милиони, односно ќе бидат продадени 9,6 милиони автомобили.

Со економската криза предизвикана од епидемијата, пазарот на нови автомобили во ЕУ ќе се намали за 41,5 проценти во првата половина од оваа година, се очекува оваа ситуација во наредните месеци да се опорави со ублажување на рестриктивните мерки.

Исто така е наведено дека продажбата на автомобили ќе биде на најниско ниво од 2003 година, а имајќи го предвид придонесот на овој сектор за производство и вработување, се бара политичка и економска поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП