13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple во САД поради коронавирусот одлучи повторно да затвори дел од продавниците

Apple во САД поради коронавирусот одлучи повторно да затвори дел од продавниците

По враќањето или новиот бран на коронавирус во САД, Apple одлучи повторно да затвори некои од своите продавници.

Поточно, се работи за продавници во четири тамошни сојузни држави, Флорида, Аризона, Северна Каролина и Јужна Каролина, односно вкупно 11 службени продавници на Apple.

Apple одлучи во март целосно да ги затвори продавниците надвор од Кина, додека во мај го започна процесот на враќање во трговијата. Од Apple истакнуваат дека новиот циклус на затворање е привремен како резултат на сегашната епидемиолошка слика.

Објавен е и список на продавници кои се привремено затворени, тоа се две продавници кои се наоѓаат во Флорида, две во Северна Каролина, една во Јужна Каролина и шест во Аризона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП