28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook донира 200 милиони долари за афроамерикански бизниси

Facebook донира 200 милиони долари за афроамерикански бизниси

Основачот и извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг, на почетокот на овој месец објави дека неговата компанија ќе донира десет милиони долари за групи кои се занимаваат со прашања поврзани со расната правда.

Оваа иницијатива предизвика лавина, бидејќи оттогаш Apple донираше 100 милиони за унапредување на расната еднаквост, Google најави дека ќе донира 175 милиони, а YouTube уште 100 милиони долари.

Цукенберг исто така најави и нова донација од 200 милиони долари за поддршка на бизнисот на компаниите кои ги водат афроамериканци. Од тие 200 милиони, 25 милиони ќе бидат насочени кон создавање содржини кои се однесуваат на оваа тема, 75 милиони во кеш и кредити за рекламирање на Facebook ќе бидат дистрибуирани на сопствениците на компании и непрофитните организации кои служат на афроамериканските заедници.

Охрабрување на другите

Останатите 100 милиони ќе бидат искористени за поддршка на добавувачите. Сето ова е дел од пошироката цел на Facebook да трошат најмалку милијарда долари годишно за поддршка на различни добавувачи.

Facebook исто така работи на ново опкружување во рамките на социјалната мрежа кој ја нарече „Lift Black Voices“, каде ќе бидат објавени приказни за афроамериканците, ќе бидат споделени едукативни материјали, а другите ќе бидат охрабрени да даваат донации. Компанијата планира да обезбеди бесплатна обука за афроамериканците преку програмата наречена Elevate, а која вклучува 100.000 стипендии за црни студенти во нивната Facebook Blueprint програма…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП