6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОгромен интерес за Subaru XV hibrid во Јапонија

Огромен интерес за Subaru XV hibrid во Јапонија

99267-subaru xv 1

Производителот на автомобили „Subaru“ објави дека за првите петнаесет дена од почетокот на продажбата во Јапонија интересот за моделот „XV hibrid“ е значително голем и дека веќе имаат испорачано 5.5800 примероци што е за десет пати повеќе од предвидените 550 возила месечно.

На вкупната количина на продадени возила од серијата „XV” отпаѓаат 70 проценти од вкупниот број на порачани возила на овој автомобилски бренд.

Во своите први впечатоци купувачите на „XV hibrid“ ја истакнуваат моќта на моторот која обезбедува задоволство при возењето и врвно управување, чувството на сигурност и стабилност благодарејќи на симетричниот погон на сите четири тркала (SAWD), како и вкупното чувство на висок квалитет.

„Subaru XV hibrid“ премиерно беше прикажан кон крајот на јуни оваа година и веднаш започна продажбата на територијата на Јапонија. Се очекува во скоро време компанијата својот нов автомобил да го пушти во продажба и на останатите пазари ширум светот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП