ЕКОНОМИЈА

Од денеска поскапи цени на горивата

Од ноќеска на полноќ за еден денар поскапеа нафтените деривати.

Според најновата одлука на РКЕ, оваа недела цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот изнесува 52 ден/лит.

Поскапо за еден денар е и Екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој се продава по 25,396 ден/кг.

Зголемувањето се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.