28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри сценарија: Италијански експерт открива што ќе се случи со Ковид-19

Три сценарија: Италијански експерт открива што ќе се случи со Ковид-19

„КОВИД-19 во Италија е помалку агресивен и циркулира помалку и очигледно е дека е чувствителен на високи температури“, вели примариус Роберто Риголи, потпретседател на италијанското здружение на микробиолози, во интервју за „Ил Месаџеро“.

Во северната покраинаа Венето, истражувањата штотуку се завршени, анализирајќи повеќе од 60,000 тестови на коронавирусот.

Венето поминал подобро во текот на пандемијата благодарение на фактот дека тестирањето и потрагата по евентуално заразените се спроведувала масовно кај населението.

“Она што нè чека со КОВИД-19, никој не може со сигурност да предвиди. Постојат три можни сценарија: да се врати заразата, односно на есен вирусот да биде подеднакво агресивен, но тоа ми се чини малку веројатно. Втората варијанта е да се случи како со вирусот Х1Н1, кој е исто така од групата корона вируси, и други слични кои станаа добри и претставуваат дел од вирусот што се враќа секоја година во сезоната на грип, а третата е да се биде како со вирусот SARS кој се појави во 2003 и 2004 година, кој го направи она што го направи и исчезна”, рече тој.

Риголи изразува надеж дека сценариото околу перспективата ќе се одвива според третата варијанта, особено затоа што овој вирус е многу сличен по структура со SARS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП