16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО предупредува дека пандемијата забрзува

СЗО предупредува дека пандемијата забрзува

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејес, изјави дека пандемијата од коронавирус „забрзува“ и дека досега се пријавени најголем број за еден ден, повеќе од 150.000 новозаболени.

Тој на прес-конференцијата истакна дека скоро половина од новите случаи кои се пријавени во четвртокот се од Јужна и Северна Америка, а значителен број се од Јужна Азија и од Блискиот исток.

„Светот е во нова, опасна фаза. Вирусот и понатаму брзо се шири, тој сè уште е смртоносен, а повеќето луѓе сè уште се имуни“, изјави Гебрејес.

Тој предупреди дека за спречување на пандемијата неопходни се рестриктивни мерки како одржување на социјална дистанца, носење маски и миење раце.

Според последните податоци на СЗО, ширум светот се регистрирани 8,33 милиони случаи на коронавирус, а умреле повеќе од 449.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП