3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“Hilton” отпушта 22 проценти од вкупната работна сила, што не се случило...

“Hilton” отпушта 22 проценти од вкупната работна сила, што не се случило во последните сто години

Компанијата Hilton Hotels се соочи со продолжен пад на резервациите на хотелско сместување и деловни патувања среде пандемијата од коронавирус.

Овој американски хотелски ланец, исто така, ќе ја продолжи тековната програма за принудни одмори за повеќето вработени за уште 90 дена.

Hilton Group, кон крајот на март објави воведување присилни одмори за вработените, како и привремено намалување на платите на менаџерите.

„Никогаш во 101-годишната историја на “Hilton” нашата индустрија не се соочи со глобална криза која буквално го прекина патувањето“, изјави извршниот директор Кристофер Насет во соопштението за медиумите, додавајќи дека оваа одлука “не скрши”.

Американските хотели изгубија повеќе од 30 милијарди долари приход, а скоро шест од 10 хотелски соби се празни, според податоците на Американската асоцијација за хотели и сместување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП