8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Раде Кончар“ ќе исплати дивиденда од 110 денари по акција

„Раде Кончар“ ќе исплати дивиденда од 110 денари по акција

Компанијата за производство на електрични компоненти и опрема „Раде Кончар – Апаратна техника“ од Скопје соопшти дека нејзините акционери донеле одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 110 денари по акција.

Како што информира компанијата, за таа цел ќе бидат издвоени 22,7 милиони денари од профитот на „Раде Кончар“ за минатата година.

Лани компанијата оствари профит од 27,64 милиони денари, што претставуваше раст од 23 проценти во споредба со претходната година. За 2018 година „Раде Кончар“ исплати дивиденда од 95 денари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП