30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook на корисниците им овозможува да ги откажат политичките реклами

Facebook на корисниците им овозможува да ги откажат политичките реклами

Од денес, корисниците на Facebook во Соединетите Американски Држави ќе имаат опција на својот профил да ги исклучат сите политички реклами.

Компанијата минатата година донесе одлука да не учествува во било каква умереност на содржината на политичките реклами, но оваа нова опција на корисниците ќе им пружи поголема контрола врз тоа што сакаат да го видат.

Основачот и извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг, го најави ова на својот блог во вторникот.

„За оние од вас кои веќе одлучивте и само сакате да завршат изборите, ние ве слушаме, затоа ја воведуваме и опцијата за откажување на политичките реклами. Но, ве потсетуваме да гласате“, изјави извршниот директор на Facebook.

Во блогот исто така се наведува дека компанијата првично ја објавила таа опција уште во јануари, но дека сега ќе ја спроведе на своите платформи додека Америка се подготвува за претседателските избори во ноември.

На есен оваа опција ќе биде достапна и надвор од Америка, најавија од Facebook.

Компанијата исто така воведува промени во рекламирањето, каде на корисниците ќе им биде јасно, кои платиле за одредена реклама.

Facebook исто така објави и информативен центар за гласање, кој ќе им обезбеди информации на американските гласачи за тоа како да се регистрираат да гласаат, да побараат гласање надвор од гласачкото место, како и кога и каде да гласаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП