27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInstagram ќе го престигне Twitter како извор на вести

Instagram ќе го престигне Twitter како извор на вести

Instagram, апликација за споделување фотографии, ќе биде поголем извор на вести од Twitter во иднина, според некои истражувања, пренесува BBC.

Употребата на Instagram за вести е двојно зголемена уште од 2018 година, според годинешниот извештај на институтот на Reuters.

Трендот е најсилен меѓу младите, скоро четвртина од младите на возраст од 18 до 24 години од Велика Британија користат Instagram како извор на вести за пандемијата.

Меѓутоа, социјалните мрежи исто така беа меѓу најмалку доверливите извори.

Само 26 проценти од луѓето изјавиле дека им веруваат на социјалните мрежи како извор на информации, а сличен процент од луѓето изјавиле дека им веруваат на вестите кои се споделуваат на апликациите за допишување, како што се Facebook Messenger или Whatsapp.

Спротивно на тоа, околу 59 проценти од испитаниците имаат доверба во новинарските организации.

Instagram користат повеќе од една третина од луѓето кои одговорија на истражувањето и две третини помлади од 25 години, а 11 проценти од нив користат Instagram за вести, што оваа социјална мрежа ја става само едно место зад Twitter.

„Instagram стана многу популарен кај помладите луѓе“, изјави Ник Њуман, водечки автор на извештајот.

„Младите реагираат на приказни кои се визуелно едноставни и добро раскажани“, додаде тој.

Во последно време, едноставните Instagram приказни кои луѓето ги споделуваат на нивните профили поврзани со климатските промени, движењето Black Lives Matter и пандемијата помогнаа во ширењето на идеите за овие движења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП