25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГеоргиева: Економските прогнози ќе бидат уште полоши

Георгиева: Економските прогнози ќе бидат уште полоши

Претседателот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека предвидувањата за раст на економиите, кои ќе ги објави овој месец, ќе бидат полоши од претходните.

„Прогнозата за повеќето земји ќе се ревидира надолу, а за само неколку нагоре“, изјави Георгиева во обраќањето на конференцијата за улогата на ММФ во градењето на економската стабилност во светот, одржана преку интернет, организирана од институтот GLOBSEC со седиште во Братислава.

Таа истакна дека од Втората светска војна, ниту една криза немала толку силен ефект на глобално ниво како COVID-19.

Истакна дека сите проценки говорат дека 170 економии, вклучително и европски држави, оваа година ќе завршат со помал национален приход по глава на жител во однос на претходните.

Потсети дека извештајот на ММФ од април покажа дека глобалната економија е на пат да забележи пад од околу три проценти оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата.

„Следните проценки ќе ги објавиме во јуни и, за жал, морам да кажам дека ќе бидат уште полоши“, изјави шефицата на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП