
Компанијата Самсунг подготвува неколку нови производи, но тој број на крајот би можел да биде многу поголем од очекуваното.


Компанијата Самсунг подготвува неколку нови производи, но тој број на крајот би можел да биде многу поголем од очекуваното.
Некои од нив би можеле да бида многу интересни, а овој пат според најавите ни пристигнуваат два таблети засега познати под ознаките „SM-P600“ и „SM-P900“. Се очекува двата да имаат екрани со високо квалитетна резолуција од 2560 x 1600 пиксели (WQXGA), а исто така се очекува да бидат и 10.1 инчни модели.
Всушност „SM-P900“ би требало да биде помоќна верзија на моделот „Galaxy Tab 3 10.1“, додека „SM-P600“ на крајот би можел да заврши како 8 инчен модел.
Исто така засега се знае дека овие таблети ќе имаат можност за„Wi-Fi“, „3G“ и „LTE“ поврзување и дека ќе го користат оперативниот систем „Android 4.2 Jelly Bean“.