19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба

Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба

Нема потреба од нова вонредна состојба, соопшти претседателот Стево Пендаровски.

Тој рече дека ниту една од претходните четири вонредни состојби не биле воведени поради бројот на заразени и починати лица од коронавирус, туку за да може Владата да носи мерки во социјалната, економската и во здравствената сфера.

„Споредбите за бројот на заразени се без основа, а за полициски час постои законска регулатива и не мора да се воведе вонредна состојба за тие мерки“, рече Пендаровски.

Друга заблуда, додаде тој, е дека вонредната состојба има врска со датумот на избори.

„Да појаснам – избори може да се одржат и во вонредна состојба“, појасни Пендаровски.

Претседателот рече дека добил информации од Владата оти се обезбедени доволни количини медицинска и заштитна опрема, донесени се економски мерки за поддршка на националната еконимија за кои постои покритие во буџетот.

Исто така, додаде Пендаровски, Владата не поднела барање за продолжување на вонредната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП