28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Amazon и eBay им е забрането да продаваат лажни средства против...

На Amazon и eBay им е забрането да продаваат лажни средства против корона

Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) им нареди на трговците Amazon и eBay да престанат да продаваат неодобрени или небезбедни средства за дезинфекција.

Одлуката се однесува на средствата кои на нивните платформи лажно се рекламираат како средства против вирусот COVID-19, пренесува агенцијата Bloomberg.

EPA на овие компании им нареди да престанат да продаваат или дистрибуираат 70 производи, вклучувајќи спрејови, ленти за дезинсекција и други производи кои се рекламираат како средства за „спречување епидемија“, се вели во извештајот.

Од компаниите се бара да ги отстранат производите од своите веб-страници и да потврдат дека тоа го сториле.

„Ние ќе ги отстраниме спорните производи и ќе преземеме акција против актерите кои ги има на списокот на производи“, истакна портпаролот на Amazon во имеил изјавата за њујоршката новинската агенција, пренесува Reuters.

Тој додаде дека компанијата развила специфични средства за скенирање на евентуално неточни тврдења за  COVID-19 на производи кои се рекламираат на нивните страници, а кои Amazon можеби ги пропуштил при првото филтрирање.

EPA и eBay не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП