19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZara затвора повеќе од илјада продавници ширум светот

Zara затвора повеќе од илјада продавници ширум светот

Zara ќе затвори дури 1.200 продавници ширум светот. Сопственикот на ланецот на облека Амансио Ортега ќе се обиде да ја зголеми онлајн продажбата за време на хаосот предизвикан од пандемијата од коронавирус.

Inditex, групација чија главна марка е Zara, планира да затвори меѓу 1.000 и 1.200 претежно помали продавници.

Загубите на Inditex најмногу се концентрирани меѓу останатите продавници на брендови постари од Zara. Освен Zara, шпанската групација Inditex поседува и брендови како Bershka, Pull&Bear и Massimo Dutti.

Затворањето на продавниците се очекува во Азија и во Европа, се зголемува онлајн продажбата.

Затворањето на продавниците најмногу се очекува во Азија и во Европа. Guardian пишува дека се очекува да се затворат 107 продавници низ Велика Британија.

Од Inditex, порачаа дека бројот на вработени ќе остане стабилен, а на вработените им се нудат други работни места во компанијата, како што се подготовка на стоки за онлајн продажба.

Вкупниот број на продавници ќе се намали од 7.412 на помеѓу 6.700 и 6.900 по реорганизацијата, што ќе вклучува и отворање на 450 нови бутици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП