19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа медицинските лица и нивните придружници 40 проценти попуст на авионски билети

За медицинските лица и нивните придружници 40 проценти попуст на авионски билети

Турската национална авиокомпанија започна специјален попуст од 40 проценти за здравствените работници за да им се заблагодари за храбрата борба против пандемијата.

“Со специјална кампања, сакаме да им се заблагодариме за таа пожртвуваност. Денес започнавме кампања за намалување на цените на билетите за 40 проценти за сите здравствени работници”, соопшти новинската агенција Anadolu.

Медицинските работници со посредство на интернет страницата на Turkish Airlines или мобилната апликација, по намалени цени ќе можат да купат билети и за свои тројца придружници.

Заинтересираните медицински лица треба да се пријават за кампањата на веб-страницата Turkish Airlines, а билетите можат да се купат по намалена цена од денес до 1 август. Билетите купени на овој начин можат да се користат од денес до 31 мај 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП