ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2020 година вкупниот промет изнесувал 476.045.890 денари и е намален за 36.99 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 428.308.574 денари и е намалено во однос на април за 34,31 отсто кога изнесувало 651.991.389 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 304.997.127 денари и обврзници во вредност од 123.311.447 денари.

Блок трансакциите за мај изнесувале 47.737.316 денари и се зголемени за 60,88 отсто во однос на април.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.435 и е намален за 46.72 отсто во однос на април кога изнесувал 2.695.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Гранит АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за мај 2020 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП