26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск: Време е "Amazon" да се разбие

Илон Маск: Време е “Amazon” да се разбие

Основачот на Тесла, Илон Маск оцени дека “Amazon” треба да се „разбие“.

Тој ова го изјави откако писателот Алекс Беренсон објавил дека му било оневозможено да ја објави својата нова книга за коронавирусот на најголемата светска малопродажна платформа.

„Ова е лудо“, напиша Маск на Твитер, тагнувајќи го сопственикот на Амазон, Џеф Безос. „Време е Amazon да се разбие. Монополите се погрешни“, рече Маск.

Амазон ја коментираше објавата на Маск, но рече дека книгата на Беренсон е блокирана по грешка и дека сега е достапна за продажба преку “Kindle”.

„Одлуката дали книгата треба да ја ставиме на продажба не е на Маск“, рекоа од Амазон.

Судејќи според фото-пораката што “Amazon” ја испратил до Беренсон, компанијата го известила писателот дека неговата книга не ги исполнува стандардите за продажба.

Ова не е првпат Маск да даде спектакуларни изјави на Твитер. Последниот пример беше на 1 мај, кога тој напиша дека акциите на Тесла се премногу скапи.

Во текот на 2018 година, американската Комисија за безбедност и размена го тужеше кога на Твитер рече дека ќе ја претвори Тесла во приватна компанија кога цената на акцијата ќе биде 420 долари и дека веќе ги обезбедил средствата. Маск и Tesla платија одделни казни во висина од 20 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП