25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една од најголемите бројки на нови случаи од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 Септември“ починал пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања.

Најголем број нови случаи има во Скопје – 67. Во Куманово – 19,  Штип – 16, во Тетово потврдени се девет случаи, во Прилеп – четири, во Велес два случаи, и по еден случај во  Гостивар, Неготино и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие два теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП