28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД воведоа ограничувања за уште 33 кинески компании

САД воведоа ограничувања за уште 33 кинески компании

Американскиот секретаријат за трговија објави дека новите рестрикции за 33 кинески компании и институции ќе стапат во сила во петок.

Минатиот месец секретаријатот објави дека 33 кинески компании ќе бидат ставени на “црната листа”, затоа што им помагаат на кинеските власти да ја шпионираат малцинската, муслиманска етничка група во земјата, Ујгур, а друга причина е поврзаноста на некои компании со кинеската програма за воено оружје за масовно уништување, објави Reuters.

Рестрикциите подразбираат дека кинеските компании и институции на американската “црна листа” не можат да продаваат американски производи или производи произведени надвор од САД со помош на американска технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП