19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

Извршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

Од сите загадувачи, пластиката е најпрепознатлива – таа е највидлива и лебди“, изјави извршниот директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси на виртуелен дијалог за океани организиран од Светскиот економски форум.

„Јасно е дека ова е проблем кој мора да се реши. Пластиката во океаните мора да биде нешто од минатото“, изјави Квинси на форумот посветен на заштита и решавање на проблемот со отпадот во океаните.

Квинси, исто така, оцени дека корпорациите имаат голема одговорност кон животната средина, објаснувајќи дека нема смисла да се биде корпорација која многу загадува.

„Ако сакате здрав бизнис, околу него треба да создадете здраво општество“, изјави тој.

Шведска оваа година ќе биде прва земја во која сите продадени шишиња ќе бидат направени од рециклирана пластика, посочи Изабела Ловин, вицепремиерка на Шведска и министерка за животна средина.

“Прашањето за пластика може да биде целосно решено. Човекот ја произведува и човекот може да престане. Ние одлучуваме за моделите на потрошувачка кои ги сакаме. Мораме да ја однесеме околината со себе во училницата, трговскиот центар, гласачкиот штанд. Имаме избори. Она што го правиме како поединци влијае на социјални и глобални исходи“, изјави Ингер Андерсен, извршна директорка на програмата за животна средина на Обединетите нации.

Изабела Ловин, шведската министерка за животна средина, изјави дека покрај отпадот во океаните, мора да обрнеме внимание и на климатските промени кои влијаат на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП