28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook на мета на критики од организациите за човекови права

Facebook на мета на критики од организациите за човекови права

Лидерите на организациите за човекови права остро го критикуваа Facebook по средбата со еден од основачите на компанијата, Марк Цукерберг. Состанокот се случи еден ден откако вработените во Facebook организираа виртуелен протест.

Откако Twitter ги цензурираше некои од најавите на Трамп, Марк Цукерберг одби да го стори истото, објаснувајќи дека објавите на Трамп не ги кршат правилата на компанијата, како и дека Facebook ја поддржува слободата на говор.

Неговата одлука ја осудија и критикуваа лидерите на организациите за човекови права, но и вработените во Facebook кои своето незадоволство го изразија со виртуелен протест.

“Не покажа разбирање за историското и модерното сузбивање на гласачите и одби да признае како Facebook му олеснува на Трамп да поттикне насилство врз демонстрантите. Марк поставува многу опасен преседан за другите корисници кои на Facebook би рекле слични штетни работи”, се вели во соопштението на групата за човекови права.

Facebook одговори на критиките на лидерите на организациите за човекови права, велејќи дека тие биле „многу благодарни за чесното мислење“, како и дека сега е „важен момент за слушање и комуникација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП