19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНегувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

Негувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

Тифани Либи, дерматолог, вели дека лубениците со векови се користат во азиските култури, поради нивните својства за да се спречат разни воспаленија.

Тие го намалуваат црвенилото и генерално го подобруваат изгледот на кожата.

„Лубеницата има многу витамини А, Ц и Е, поради што е силен антиоксиданс, ја неутрализира штетата и можеме да кажеме дека ја одмара кожата“, изјави Др. Либи за списанието Elle.

Внатрешниот дел на лубеницата е особено добар за хидрирање на кожата, со оглед на тоа дека е исполнет со вода. Покрај тоа, кората од лубеница може да помогне ако вашата кожа е иритирана од некоја причина.

Семките на лубеницата се полни со протеини и богати со масни киселини. Сепак, лубеницата се состои од 90 проценти вода, па затоа не е ни чудо што е одлична во хидратацијата, а помага и во ублажување на брчките.

За подолгорочни ефекти, тврдат дерматолозите, потребни се најмалку 30 дена постојана употреба на лубеница во нега на кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП