28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретина од планетата би можела да остане без работа

Третина од планетата би можела да остане без работа

Секој шести човек во светот би можеле да остане без работа во наредните два до три месеци, а скоро третина од целата планета до крајот на годината поради пандемијата од коронавирус.

Тешко е да се проценат радикалните промени во работната сила на глобално ниво предизвикани од кризата, поради епидемијата од COVID-19, покажува истражувањето на Boston Consulting Group.

Анализата на BCG покажува дека скоро третина од населението во земјата се наоѓаат во опасност да останат без работа или да работат со скратено работно време во 2020 година.

Според прогнозата на Меѓународната организација на труд, загубата на приходите ќе достигне 3,4 милијарди долари, додека нивото на невработеност ќе надмине 17 проценти.

Според анализата на BCG, повеќе од 80 проценти од луѓето кои ќе останат без работа ќе бидат од непродуктивната сфера, преработувачката индустрија, туризмот и угостителството, како и градежништвото.

„Очекуваме дека до крајот на 2020 година, новата невработеност во светот ќе започне да се враќа во рамнотежа. Меѓутоа, пандемијата веќе го започна процесот на долгорочни структурни промени – од работа од дома до забрзана автоматизација. Овие промени ќе влијаат на околу 1,5 милијарди работни места во следната деценија“, сметаат во BCG.

До 2030 година, 12 проценти од работните места ќе бидат автоматизирани, додека 30 проценти ќе бараат целосно нови навики за работа.

Според предвидувањата, повеќе од 10 проценти од сите работници во светот ќе работат од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП