25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

Дознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

Иако многумина перат алишта на пониски температури, поради економичност и страв од уништување на чувствителните парчиња на високи температури, експертите велат дека би требало да престанете со таа пракса.

Ако алиштата ги перете на температури под 60 степени, тоа би можело да биде опасно за вашето здравје. Опасните бактерии како Escherichia coli лесно се пренесуваат преку облеката, а можно е да ги задржите на долната облека дури и по перењето на температури од 60 или 90 степени.

Иако бактеријата е нормален жител во цревата на луѓето и многу животни, одредени видови може да предизвикаат уринарни и цревни инфекции, па дури и да доведат до многу тешки форми на болеста со можен смртоносен исход.

Исто така се советува да се пере детската облека на високи температури за да се отстранат сите бактерии од неа.

За многумина перењето на 30 степени е примамливо затоа што е пократко и поекономично, но треба да знаете дека бактериите во човечкото тело живеат на телесна температура од 37 степени, што значи дека само температури над тие ќе ги убијат.

Многумина веруваат дека постелнината е доволна за перење еднаш месечно, иако препорачливо е да ги перете навлаките за перници секој петти ден, а постелнината по десеТтиот на температури над 60 степени.

Експертите препорачуваат еднаш месечно да се пере празна машина на 90 степени за да се отстранат акумулираните бактерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП