Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 930.00 -2.11%    KMB 5,947.00 0.64%    OKTA 3,153.00 -1.47%    RMDEN18 99.00 0%    STIL 78.00 0%    TEL 320.00 0.36%    TNB 16,450.00 2.73%    ZPOG 1,800.00 0%    

Нови 35 случаи на Ковид-19, пет починати и 19 оздравени

Време: 14:52

Датум: мај 30, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерството за здравство информира дека во текот на денот Институтот за јавно здравје регистрирал 39 нови лица позитивни на коронавирусот и 19 оздравени пациенти. Во овој период починале 5 лица.

Како што информира Министерстовото, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај, и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај  и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

19 оздравени пациенти се во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.

Во последните 24 часа направени се 1120  тестирања, а регистрирани 35  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 817, активни 248
•       Куманово – 453, активни 44
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип – 62, активни 27
•       Прилеп –211, активни 41
•       Тетово – 198, активни 75
•       Струга – 80, активни 11
•       Велес – 129, активни 29
•       Битола –28, активни 4
•       Охрид –23, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –23, активни 5
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 0
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 32, активни 1
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 3, активни 1
•       Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 0
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 0
•       Берово-1, активни 0
•       Свети Николе-1, активни 1.

Направените 1120 теста се преку: ИЈЗ –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120  и МАНУ -109.  Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19.

-Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестирања се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19, информира Министертсвото за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На ифективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани  29 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2,…

  • Италијанците јадат премногу риба

    Италијанците јадат премногу риба

    Европејците во просек консумираат 23 килограми риба годишно по глава на жител, а Италијанците уште повеќе, 29 килограми годишно. Овие бројки Светскиот фонд за природа…

  • Дали знаете што е М – циклус?

    Дали знаете што е М – циклус?

    Силната амбиција, јакиот карактер и самодовербата се заеднички карактеристики на повеќето високо образовани жени во светот. Тие знаат што сакаат, веруваат дека  можат, и ги…

  • Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Акциите на Tesla кои основачот Eлон Мaск ги купи во 2018 година за 20 милиони долари, за да ја плати казната која му ја изречекла Комисијата…

  • Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грчкото Министерство за здравство ги интензивираше тестовите за коронавирус на граничниот премин Промахонас на грчко-бугарската граница, која служи како главен влез за патниците од другите…

  • Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска дојде на функцијата министер за финансии пред 10 месеци. Во видеото кое го објави денес на својот Фејсбук профил во кое дава ретроспектива на…

  • Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенечките државјани купиле 9.439 недвижности во Хрватска од 2013 година, кога земјата влезе во ЕУ, покажуваат податоците на хрватската даночна администрација. По Словенците следуваат германските…

  • Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86…

  • „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, 137 дена откако бил примен првиот пациент. Овој…

  • На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца…