26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на...

Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

Burger King во Германија воведе џиновски картонски круни за да ги принуди луѓето да стојат на доволно растојание едни од други, пренесува mymodernmet.com.

Многу ресторани ширум светот ги отвораат своите врати за клиентите, но одредени мерки поради пандемијата сè уште се во функција и рестораните наоѓаат креативни начини за спроведување на тие мерки.

Секој клиент на Burger King добива сплескана, рамна верзија на шешир кој мора потоа сами да ја направат.

„Сакавме да ги зајакнеме правилата за високи стандарди за безбедност и хигиенските стандарди кои ги следат BK рестораните“, изјави претставник на Burger King.

„Круната за социјално растојание “направи сам” беше забавен и разигран начин да ги потсетиме нашите гости да практикуваат социјално растојание додека уживаат во храната во рестораните“, додаде тој.

Ова не е единствената идеја со која Burger King се обидува. Во Италија се продава „бургер за социјално растојание“, а тоа е бургер кој има три пати поголема количина на кромид, така што на луѓето им создава лош здив и со тоа ги држи едни од други подалеку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП