24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

Американската компанија Boeing има намера во наредните недели да отпушти околу 12.000 работници во Соединетите држави, објави BBC.

Компанијата објави дека оваа недела ќе информира за отказите на 6.670 вработени, како и дека од нив 5.520 се согласиле на договорено раскинување на договорот.

Според BBC, американската компанија објави дека ќе го намали бројот на вработени во сите свои производствени погони во светот за околу 10 проценти, односно отказ ќе добијат скоро 16.000 работници.

Компанијата влезе во криза по двете фатални несреќи на Boeing 737 Max.

Извршниот директор на Boeing, Дејв Калоу изјави дека би сакал да постои друг излез од оваа неповолна деловна ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП