29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdria Airways продава се, дури и профили на социјалните мрежи

Adria Airways продава се, дури и профили на социјалните мрежи

Официјалните профили на социјалните медиуми на Adria Airways на Facebook, Twitter и LinkedIn се објавени на продажба како дел од стечајната постапка на пропаднатата авиокомпанија.

Заинтересираните купувачи имаат рок до 22 јуни да ја достават својата финансиска понуда за пакетот за социјални медиуми, по што стечајниот управник ќе одлучи како да постапи со продажбата.

Официјалниот профил на Adria на Facebook има повеќе од 186.000 следбеници, неговиот Twitter профил има повеќе од 3.800, додека повеќе од 6.470 луѓе ја следат компанијата на LinkedIn.

Стечајниот управник на Adria Airways го продава целиот имот на компанијата со цел да исплати 87,7 милиони евра одобрени побарувања против поранешната авиокомпанија, пренесува EX-YU Aviation.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП