30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ се највредни на светот!

„Кралевите“ се највредни на светот!

Real-Madrid1

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, кој е 9-кратен носител на трофејот од Лигата на Шампионите, го симна англискиот Манчестер Јунајтед од врвот на листата на списанието „Форбс“ за највреден фудбалски клуб во светот.

Според годишната листа на популарното списание за финансии „Форбс“, Реал Мадрид е оценет на 3.3 милијарди долари, додека Манчестер Јунајтед заостанува на втората позиција во рангот со вредност од 3.17 милијарди долари.

Магазинот објави листа со 50-те најскапи тимови во светот. Ова е и првиот случај од 2004-та година, во кој 20-кратниот шампион од англиското првенство не ја заземаат првата позиција. Најголемиот ривал на Реал Мадрид – Барселона, е на третото место со вредност од 2.6 милијарди долари.

Тимот од бејзбол Њујорк Јенкис е на четвртото место со 2.3 милијарди, а на петтото е тимот од националната фудбалска лига на САД, Далас Каубојс со 2.1 милијарди долари. 30 од 32-та тима од НФЛ се во листата, заедно со седум безбол тимови и седум фудбалски тимови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП